Централата за енергија од биогас во завршна фаза

Bez autora
Mar 24 2014

Во селото Требош е во завршна фаза изградбата на централата за производство на енергија од биогас на компанијата „Везе шари“ и „Лекер“. Оваа инвестиција на ’Везе шари‘ е со вредност од околу 6 милиони евра, и според најавите на сопствениците, централата треба да биде готова до септември. Во моментот се ангажирани околу 100 лица и со нејзиното пуштање во функција ќе бидат ангажирани 30 нови работници, рече министерот за економија, Ваљон Сараќини, при посетата на компанијата. Оваа гасна електроцентрала ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко. Сопственикот на „Везе шари“, Арбен Абдурахмани, рече дека централата ќе има двојна функција, бидејќи, од една страна, ќе овозможи природниот отпад од нивната фарма за кокошки да се преработи во централата и со тоа да се придонесе кон подобро зачувување на природната средина, а од друга страна, да се произведе електрична енергија за нивните потреби.

Централата за енергија од биогас во завршна фазаВо селото Требош е во завршна фаза изградбата на централата за производство на енергија од биогас на компанијата „Везе шари“ и „Лекер“.

„Оваа инвестиција на ’Везе шари‘ е со вредност од околу 6 милиони евра, и според најавите на сопствениците, централата треба да биде готова до септември. Во моментот се ангажирани околу 100 лица и со нејзиното пуштање во функција ќе бидат ангажирани 30 нови работници“, рече министерот за економија, Ваљон Сараќини, при посетата на компанијата.

Оваа гасна електроцентрала ќе биде прв ваков проект не само во Македонија, туку и пошироко. Сопственикот на „Везе шари“, Арбен Абдурахмани, рече дека централата ќе има двојна функција, бидејќи, од една страна, ќе овозможи природниот отпад од нивната фарма за кокошки да се преработи во централата и со тоа да се придонесе кон подобро зачувување на природната средина, а од друга страна, да се произведе електрична енергија за нивните потреби.

Сараќини денеска ја посети и Требош и технолошко-индустриската зона во Тетово. „Очекувам многу скоро подготвителните работи во зоната да бидат завршени, и во септември оттука да се реализира и првиот извоз“, изјави Сараќини. Зоната се гради преку јавно приватно партнерство и за неколку години треба да се вложат 7 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik